„РАНИ“ ОД ХРИСТИНА МАЗНЕСКА

hristinaИзложба

Во ликовната галерија од ЦК ,,Марко Цепенков,, денеска на пладне се отвора изложбата од мултимедијален карактер ,,Рани,, на Христина Мазнеска. Ќе се прикажаат видео проекција и ликовна инсталација.

Во видеото е прикажана девојка, која е олицетворение на еден просечен македонски граѓанин кој преживеал многу во заробена транзиција во земјава, додека властите ја цицаат последната капка сила од обичниот човек за личен профит. Таа е метафора на самата држава, закрпена во партали поставени од политиката, религијата и медиумите, криејќи рани со проблеми. Изложбата прикажува вознемирувачките моменти од реалноста во Македонија од социо-економски и политички план. Длабоки се трагите и раните на личноста на девојката, која е гласот на народот, врз чиј идентитет и состојба на умот, се прикажани низ концептуална призма, користејќи разни симболи и метафори. Се прикажува притисокот од институциите и политиката, недозволувајќи прогресивност, тесни хоризонтибркање на млади амбициозни луѓе надвор од границите. А тука остануваат тивко и нечујно марионети и слуги на елитата.

Проектот е критика на артифицелноста и апсурдноста на општеството во кое живееме, метафоричен приказ на порака за уназадувањето на општеството лишено од прогрес.

Прилепчанката Мазнеска живее и твори во Скопје. Дипломец е на ФЛУ. Во 2018 г била на два студиски престои во Загреб и во Будимпешта. Учествувала на повеќе изложби, креативни работилници, ликовни колонии и фестивали за применета уметност во земјава и во странство. Добитник е на неколку награди и признанија. Се занимава и со дигитална уметност, илустрација и дизајн.

Loading