ПРВИ РЕПРЕЗЕНТАТИВКИ ВО 1992

Историја

Првиот меѓународен пријателски меч Женската ракометна репрезентација на Македонија го одигра на 27 мај 1992 година во Кичево. Во салата ,,Јанчица,,противник беше Литванија. Во составот беа две првотимки на Тутунски комбинат: прилепчанката Гордана Цветаноска, голман и битолчанката Билјана Чурлевска – Маневска, бек. Покрај нив, селекторот Владимир Радиќ повика уште 13 ракометарки, меѓу кои прилепчанката Билјана Наумоска, бек на скопски Ѓорче Петров. Од истиот клуб беа: Трајановска, Христоска, Георгиевска, Спасовска, Филиповска и Спасиќ. Од Куманово настапија Ивановска и Спасовска, од битолски Пелистер беше Пановска, од Стружанка Мечкаровска, од Млаз Богданци – Новоселска, од Скопје – Димитријевиќ.

Македонките постигнаа убедлив триумф од 32:22 (14:12).

Loading