ПРИЛЕП КАЈ ЛИДЕРОТ ТИКВЕШ

Ракомет

Најтешко гостување за екипата Прилеп, во плеј-офот од Супер лигата за мажи. Викендов оди на мегдан во Кавадарци, со лидерот на табелата, Тиквеш. Тимот на тренерот Горан Кузманоски претходно беше успешен во Струмица, со Астраион, кого го совлада со 29:25. Најефикасни: Александар Тренчевски и Реваз Чантурија со по 6 гола. Во средата Прилеп-Младост (29:23).

Женската екипа Деспина, откако дома со 26:24 (најефикасна Мери Гичева – Конески со 10 гола), го совлада светиниколско Овче Поле. На 25 април гостува на Шампион во Скопје.

Loading