ЛОКОМОТИВАТА Е ПРЕБРЗА

Фудбал – Трета лига

Во трката за првак во Третата лига – Југ се издвои Локомотива од Градско. На дербито во Црнилиште, со 5:2 го совлада домашното Ново Црнилиште. Домашните попусто поведоа со 1:0 преку Блеранд Ќамили, бидејќи гостите потоа дадоа 5 гола, преку двата  на Ѓунет Усеинов, по еден на Бобан Атанасовски, Дарко Нацев и Аделин Ќазимов. На крајот безвреден беше голот на Газаљ Сулемани за црнилиштанците. В недела Ново Црнилиште оди кај Динамо во Мажучиште, а Локомотива во Марена.

Табела: Локомотива 50, Ново Црнилиште и Братство по 43, Вардар Н. 38.

Loading