ДЕСПИНА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО

Фудбал – Жени

Фудбалерките на Деспина му се реваншираа на Истатов за првенствениот пораз дома со 0:2. Во средата, во четвртфиналето од Купот, прилепчанките со 3:1 победија во Нов Дојран. Сите три гола се дело на битолчанката Ангела Стојковска (последниот од пенал), додека почесниот за дојранчанките го даде Радица Чонева. Во полуфиналето се пласираа уште: Топ-Гол од Битола, Ас унитед од Струга и Саса од Каменица.

В сабота (11 ч.) е ново возбудување, на Игралиштето со вештачка трева се игра големото прволигашко дерби Деспина – Саса, третопласираниот со лидерот на табелата.

Loading