КОРА ОД МАНДАРИНА И РАКИЈА ПРОТИВ БОЛНО ГРЛО

mandarina

Ако ве мачи упорна и надразнителна болка во грлото, а во домот имате мандарини, употребете ја нивната кора да приготвите многу ефикасен лек што ќе ја ублажи болката. Сомелете 50 грама кора од мандарина и ставете ја во стаклен сад или тегла. Мелените кори прелијте ги со чаша домашна ракија. Теглата добро затворете ја и чувајте ја една недела на темно суво место. По една недела, лекот е подготвен. Секојдневно земете по една кафена лажичка од лекот после јадење, а веднаш потоа изедете една кафена лажичка мед.

Loading