НАЈМОЌНИОТ ЦИТРУС, А НЕ Е ПОРТОКАЛ

citrusКумкват е многу вкусно, здраво и интересно цитрусно овошје. Потсетува на портокалот, но е со покиселкаст вкус. Плодовите се поситни. Според пропорциите личи на киви. За разлика од другите цитрусни плодови, се јаде со кората преполна со хранливи материи корисни за здравјето. Кумкватот содржи големи количества на витамин А, Ц и Е и фитонутриенти кои штитат од лошото влијание на слободните радикали.

Еве неколку причини да се проба. Пред консумирањето се препорачува плодот малку да се протрие за да се ослободат аромите од кората и да добие слаткасто-кисел вкус, специфичен за ова овошје. Поради големите количества на витамин Ц, кумкватот е совршен сојузник во борбата против настинките, грипот и останатите инфекции. 100 гр. задоволува дури 73 отсто од дневната доза од овој витамин.  Тој го забрзува лекувањето на раните, оти ги обнова оштетените клетки. Секојдневното консумирање брзо ги лекува  сите кожни повреди, отворени рани, површни рани, гребаници и модринки. Помага во лекувањето на воспалителни процеси. Штити од карцином и инфекции. Со високата концентрација на антиоксиданси како што се витамините А, Ц и Е, како што се и каротенот, танините и пектинот – ,,златниот портокал,, го штити организмот од слободните радикали кои ги оштетуваат ДНК клетките. Тој помага при исфрлање на каменчиња од организмот. Природната лимонска киселина игра голема улога во превенцијата и лекувањето на болести поврзани со бубрезите и жолчните каменчиња. Киселите намирници ја имитираат желудечната киселина и ја поттикнуваат жолчката на контракции за исфрлање на каменчињата. Го намалува холестеролот и претставува природна заштита од содавање на каменчиња во организмот. Антиоксидансите се целосна заштита на бубрезите, ги неутрализираат отровите и ги разградуваат мастите. Влијае на подобрување на кардиоваскуларниот систем. Фитонутриентите го намалуваат холестеролот и триглицеридите во крвта, намалувајќи го ризикот од срцев и мозочен удар. Овошјето е богат извор на калиум за нормализирање на крвниот притисок и срцеви отчукувања. Омега 3 и омега 6 масните киселини се обилно присутни. Тие пак се важни за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Кумкватот дава природна енергија. Го забрзува метаболизмот. Го успорува процесот на стареење со големото количество антиоксиданси. Делотворен е против брчки и старечки пеги и против сите воспалителни процеси на кожата. Ја одржува младоста и еластичноста на кожата.

Одличен е за приготвување на сокови, сирупи, коктели и ликери. Неодолив е во облик на џем, желе, мармалад, компот и сладолед како и соврешен додаток во пити, колачи и овошни салати.

Loading