ЖИТАРКИТЕ НЕ СЕ СКАПИ

ivce1Наместо “другите” кај нас веќе стана вообичаена (погрешна) практика и секогаш се вели “останатите”. Петмина од некој фудбалски клуб биле инфицирани од вирусот, а останатите биле здрави. Зошто не се вели дека другите биле здрави, туку се вели останатите? Никаде тие не се останати. Ова го слушаме редовно. Презентерката вели дека најнапред ги слушавме вестите од политиката, а сега ќе следувале останатите вести. Никако да се рече – другите вести. Слушнавме дури и сосема необична конструкција. Новинарката објаснува дека убавото време ги предизвикало граѓаните да го наполнат паркот. Имало во паркот многу посетители. Потоа новинарката вели: “Така беше и водругите останати паркови”. Зар не е доволно ако се каже дека така било и во другите паркови? Но, таа вели и во другите останати.

Еве уште една слична нелогичност. Стануваше збор за политичарите. Имале некакви проблеми. Новинарката вели: “Политичарите немаат избор да бираат”. Замислете, немале избор да бираат. Доволно е ако се каже дека политичарите немаат избор.Таа ја обременува реченицата и со глаголот “бираат”.Тој збор, во случајов, воопшто не е потребен. Од друга страна е и погрешен. Што политичарите немале избор, значи не можеле да избираат, а не да бираат. Глаголот “бира” кај нас, во нашиов јазик, обично еп рефиксиран: избира, одбира, пребира и слично. Глаголските именки ќе бидат – избирање, одбирање, пребирање. Чудно е зошто се прават вакви грешки. Слушнавме ваква реченица: “Наседницата ќе се бираат членови на Изборнатакомисија”. Штом е комисијата “изборна”, значи дека ќе се занимава со изборите, со избирањето, а не со бирањето.

Во Србија бил пронајден и уапсен извесен манијак. Киднапирал и силувал малолетни девојчиња. Новинарката објаснува дека манијакот како ќе ги киднапирал девојчињата прво ги шишал. Знаеме дека во Скопје стрижењето го викаат “шишање” . Но, дали тој локализам треба да го слушаме и од места каде што треба да се зборува литературен јазик. Голема неодговорност е тоа. Од скопските телевизии редовнослушаме погрешни (скопски) зборови. На таков начин се врши влијание (погрешно) врз слушателите. Кој знае по којпат ќе речеме дека најголеми виновници се лекторите, а потоа новинарита. Во последно време, од не јасни причини мошне често се употребува (погрешно) заменската придавка “истиот” и (истата, истото). Например: “Се донесе нов закон, истиот донесува новио дредби”. Не може така. Заменката придавка ” истиот” може само да ја дообјаснува именката, а не и да ја заменува. Можеме да речеме дека “тој” донесува, а не “истиот”. А може да се каже дека истиот закон се донесол уште лани, а сега се дополнил. Слушнавме на наша телевизија за некаква сообраќајна незгода. Се коментира дека на тоа место се случувале повеќи сообраќајки. Една од причините била што тука требало да сепостави семафор. Во објаснувањето на новинарката слушнавме дека семафор имало набавено, но истиот не бил поставен. Еве ја повторно грешката со зборот “истио “. Во конкретниов случај тој воопшто не е потребен. Едноставно може да се рече дека семафор имало, ама не бил поставен. Ако веќе се сакало објаснувањето да биде поопширно, ќе серече: “Семафор имало, ама тој (неистиот) не бил поставен”. Именката “семафор” може да биде заменета со заменката “тој”. А никако не со заменската придавка “истиот”. Зборот “истиот” може само да ја дообјаснува именката (подметот): “Истиот семафор е набавен уште лани, но не е поставен”.

Што значи зборот “житар”? Тоа е човек кој произведува или продава жито. Жена која би продавала или произведувала жито е “житарка”. Но, исто така, сопругата на житарот би се викала житарка. Слушавме статистика за тоа кои производи биле поскапени. Меѓудругите, новинарката вели дека биле поскапени житарките. Србитевелат “житарици”, а нашиве “патриоти” го преведуваат “житарки”.  Едноставно, поскапено е житото, а не житарките. А во житото спаѓаат: пченицата, јачменот, ‘ржта, овесот, па и оризот. А житарите нека не се плашат. Житарките не се поскапени. Тешки нека има жито, па за житарки лесна работа. Како досега, така и отсега. Житарите ќе си имаат житарки.

Loading