КАСАП ИЛИ ВЛЕЧКАР

-Брзаш?

-Не, шо има?

-Ништо важно, а глупости, колку сакаш.

-Не чекам од тебе нешто важно. Каков чоеко, такви и муабетите.

-Че пијаме по едно каве или вака на нозе?

-Немам пари. Ги забораив на клавир.

-Тогаш на нога. Пиев вчера едно. Доста е. Се пазам од притисоко да не вивни.

-Ај кажуај, ми отекоја… нозеве?

-Ова го чув, ама ти за ова муклец.

-Вака бил муабето, жими децата…

-Од комшиите? Доста и слушај,

-Ајде де!

-Пошла Паца, онаа, преку ѕитчето, кај нашио касап. Име не кажувам, оти тешко на децата од комшиите. Само шо отворил. Барала Паца кило мелено. Овај нашио, да í го погоди месото како треба í рекол:

,,Добро, мори Пацо, јас че ти дам, ама кажи да го погодиме ко шо треба. Шо че му прајш на Рампа денеска? Еми, сарма че му туткам. Шо да биди поарно. Мора да му ја клам пред два сато, оти после кој че го слуша да брмчи. Ако е така, че ти сечам од бутов. Че ти клам малце од кај коскава и пафлаче да збувнат сармите. Така нека биди. Само глеј да не збувни и цената. Не Пацо! Че дајш три стотки, ама да знајш дека Рампо после ко со други очи че те гледа. Чул те Госпо! Земи пари и да се витосам. А за очите, само ако си ме излагал. Кога сум те излагал. Аирлија да е пазарлаков. Да видам шо нога имаш сабајлево. Че те оган силен изгори, дамла да те вати, море пролив! Да и ја видиш на женати ногата, а не мојата. Глеш колка е во газо, само со месо ја дрташ… Мори Пацо чекај малце… Море чекан да те удри, неранимајко… Ама Пацо, така се вели зборо. Море бор да ти падни на гла. Шо зборо? На првио муштерија секогаш му викаме така. Адет е то. Ако пазаро денеска ми е добар, то значи уба нога имал. Со убај мисли, чист, па че има појче паричка. Аааа, значи до адето е. А не ти дека сакаш да ми ја видиш ногата? Еми Пацо, сега како да ти кажам, ова, до кај бевме со муабето… Не знам, не да нејчам, ама… А бе, ти касап си или влечкар? Сечиш или дрнкаш, плукни го то скокалето да те слушнам убо. Касап сум мори Пацо, ама не секогаш. Оди наручај го Рампо, да не го остајш гладен,,.

Џага Дур

Loading