СЕ ВРАТИЛ ОД КАЈ УМРЕНИТЕ

Дошол Итар Пејо од Мариово во Прилеп и шетал по сокаците, викајќи.

-Јаз идам од кај умрените, брееееј!

Излегла една Анка и го прашала.

-Од кај идиш?

-Од кај умрените!

-Го знај’ш Авмед наш?

-Го знај’м. Авмед е на голем завмет, на многу голема работа, ама за пари страда.

Анката зела ќесе со вранги и му го дала со зборовите.

-Нати вија пари, да му и дајиш на Авмеда и да му речиш: ,,Многу здравоживо имаш од мајка ти Анка и татка ти Расим,,!

Тој си ошол. Си дошол агата, татко му на Авмеда, дома. И Анка, радосна, му кажала на агата.

-Помина Итар Пејо. Идеше од кај умрените и викаше по сокаци: ,,Јаз идам од кај умрените,,. И јаз го прашав за Авмеда наш, како поминује тамо кај умрените? А тој ми рече, как је Авмед наш бил на голем завмет, страдал за пари! Му дадов едно ќесе вранги.

-А, мори, будало! Од кај умрените бидува ли човек да иди? Брго да го извајиш којно од пондила, дај ми ја пушката и сабјата, да го встасам!

Итар Пејо о’шол кај еден воденичар. Ссе пулел назад, дали че го встаса агата, и му рекол на воденичаро:

-Го гледаш оној агана шчо иди на којно со пушката и со сабјата? Теб’ те бара да те отепа!

Воденичарот прашал.

-Шчо да прам, кај да се кријам?

-Качи се горе на тополана. Ко че дојди агата, че му речам – ,,Не је туа воденичаро,,.

Воденичаро се качил брго на тополата и се скрил, а Итар Пејо се избрбешкал во брашното, се сторил воденичаро! Дошол агата и го прашал Итар Пеја.

-А, бре, воденичаре, дали го виде Итар Пеја кај отиде?

-Ене го онамо замина – и со прсто покажал на тополата, кај шчо бил воденичаро скријен.

Се опулил агата угоре во тополата.

-Аха, ене го горе! 

Агата слегол од којно, ги собул чизмите, ја сметнал капата, ги оставил и пушката и сабјата и зел да се качува на тополата. Дури се качил Турчино до полу на тополата, Итар Пејо ги обул чизмите, ја запнал сабјата за појас, ја кла’л капата на глава, ја зел пушката на рамо, го јавнал којно брго и летнал да бега! Отуа побегнал малку и викнал.

-Јаз сум Итар Пејо, тој што оди од кај умрените, тој горе на тополата је воденичаро!

-А, бре, ќерата, певземек, каурине, и мене ме излага!

Дошол агата дома и Анка прашала.

-Шчо напрај, камо ти го којно?

-Му ги дадов на Итар Пејо и којно, и сабјата, и пушката, и чизмите, и капата! Ко’ је Авмед наш на толку голем завмет на оној свет, нека му ги, му требе од сé по нешчо да има.

Така ја излагал жена си и обајца останале излагани.

Loading