РАСТВОРУВАЧ НА МАСТИ

luk

Комбинацијата од лимон, лук и маслиново масло може да ги елиминира масните наслаги, да го забрза метаболизмот и ослободува од токсините. Оваа комбинација го регулира шеќерот во крвта. Намирниците го јакнат имунитетот и ослободуваат вишок на килограми. Влијаат на намалување на  количеството на триглицеридите, ја подобруваат циркулацијата, го регулира холестеролот и го подигнува нивото на добриот холестерол. Мешавината претставува одлична превенција од рак и други тешки болести. Ги исфрла токсините од организмот.

Се сечкаат три чешниња лук, се додава една чаша топла вода, исцеден сок од еден лимон и неколку капки маслиново масло. Смесата стои половина час, а потоа се меша и се процедува. По желба се додава мед или јаворов сируп. Напитокот се пие меѓу оброците на празен стомак.

Лимоните го поддржуваат здравјето на срцето. Тие се добар извор на витамин Ц и влакна. Овозможуваат дигестивно здравје и одржување на телесната тежина. Еден лимон содржи 31 мг. витамин Ц, што е 51 отсто од дневната препорачана доза. Доколку се консумираат 24 гр. цитрусни влакна дневно еден месец, се намалува нивото на холестеролот. Пектинот во лимоновата кора предизвикува чувство на ситост. Затоа се користи органски непрскани лимони, особено за диетален режим на исхрана. Лимоновиот сок превенира создавање на камења во бубрезите, овозможува зголемување на рН вредноста на урината и поттикнува зголемено лачење, со што се оневозможува создавањето на песок и камчиња во бубрезите. Кога лимонот се комбинира со лукот се намалува крвниот притисок, холестеролот и триглицеридите.

Комбинацијата е пожелно да се консумира почесто.

Loading