КАЗНА ЗА НЕМИЕНИ НОЗЕ

Итар Пејо бил сакан и почитуван гостин на македонските викенди во Америка заради неговите весели досетки. Во отсуство на анегдоти, кои повеќепати ги раскажувал и прераскажувал, тој го забавувал народот со поставување прашања за добивање смешен и интересен одговор. Бил весел и радосен дека е меѓу Македонците. З зборување и смеење му немало рамен. Интересни биле прашања со малку вулгаризми, што лижеле на неговиот речник. Прашањата за смешните одговори за ракијата, за разликата: волна-коса, за скакулецот и други претставуваат цели анегдоти…         

Од Америка ја минал границата и се нашол во Канада. И таму нашол Мариовци. Во Торонто се вработил во а кафеана. Цел ден точел пиво. Му се видела работата ко да не е за машко, оти во Македонија анџиките тоа го правеле. Затоа отишол в берберница да се истрижи и да фати усвет по белиот свет. Берберот го пострижиле и му ги исекол ноктите од рацете. Кога му ги собуле чевлите, берберките се разбегале реата. Стигнала полицијата и го казнила заради немиени нозе. Мрднал со главата и решил да побегне и од оваа земја.

Си велел – ,,Овие Канаѓаниве биле побудали од Американците. Казнуваат и за нечисти нозе,,.

Заминувањето не било бегање од казните и законите, ами поради познатиот авантуристички дух. Оти за пеење не беше му делиле.

Loading