Со положување на цвеќе на Могилата на непобедените, беше одбележан патрониот празник на ОУ ,,Кочо Рацин,,. Директорката Зора Чадамова истакна дека иако условите за одбележување на празникот се различни, ова е сепак значаен ден што не треба да се изостави.
-Посреќни би биле кога заедно со учениците се одбележува патронот на училиштето. Особена е чест да се носи името на Кочо Рацин, затоа што со излегувањето на неговата стихозбирка од печат во 1938 година, Рацин ги поставил темелите на современата македонска поезија и на современиот македонски литературен јазик – рече Чадамова.
На 22 декември, денот кога се слави 112 години од раѓањето на големиот поет Коста Солев Рацин, учениците го одбележаа со рецитирање на свои трудови и песни од стихозбирката ,,Бели Мугри,, кои веќе се поставени на веб страницата на училиштето и на ФБ.