КОРЕЈСКИ ЛАВРИ ЗА ЗЛАТКО КРСТЕВСКИ

krstevski art st

Карикатуристот Златко Крстевски се закити со награда за карикатура на 9-тиот СИКАКО Си Џонг меѓународен фестивал на современа карикатура во Кореа. Делата се дел од изложбата во градската галерија на тема ,,Слобода еднаквост,, во друштво со творби на 479 уметници од 45 земји.

Делата се оригинални и потпишани од уметниците, испратени по пошта, заради глобалната ситуација. Крстевски  е добитник на почесната награда, а делата се публикувани во Светска енциклопедија на карикатурата. Креациите ќе се донираат на најголемиот ,,Цѕбер Интернатионал Цартоон Мусеум,, во кој има над 30 000 дела, а се дел од Гинисова книга на рекорди.

-Карикатурата е најжива уметност која ја открива сликата на нашето општество, имајќи  голем потенцијал за развој. Среќен сум заради присуството на натпреварот во градот Сикако, Кореа, кој е интеракција со светот како меѓународен кутурен град – вели авторот.

Крстевски учествуваше на меѓународната изложба на современа уметност во Музеј во Мексико и се претставува со сатирични цртежи во Шпанија на ревијалната 27-ма изложба уметност на хуморот. На насловна страница на каталогот е публикуван цртеж од Крстевски, покрај автори од Колумбија, Белгија, Кина…

Loading