ЦИНКОТ НЕМА ДА ДЕЛУВА АКО СЕ ПИЕ НАВЕЧЕР

Во кое време треба да се пијат витамините за да имаат ефект? Некои комбинации од витамини и минерали ја забавуваат апсорпцијата, додека други овозможуваат правилно дејство во организмот. За да имаат ефикасно дејство витамините и минералите за зајакнување на организмот, важно е да се консумираат во соодветно време од денот, бидејќи нивната апсорпција тогаш е најдобра. Некои најдобро делуваат на празен стомак, а други се консумираат исклучително со храна. Некои комбининации со минерали може да ја успорат апсорпцијата, а други да овозможат поефикасно делување во организмот.

Како и да е суплементите не треба да се земаат самоиницијативно, туку со консултација на лекар, и тоа по извршени анализи кои укажуваат на дефицит.

Наутро – Витаминот Б12 е најдобро да се консумира на празен желудник со Б1 и бакар. Витаминот Б12 поттикнува создавање на енергија. Затоа треба да се зема наутро на празен стомак. Утрото е време за консумирање на витамин Ц, кој може да се земе заедно со витамините Б12, Е и А. И суплементите со железо, се консумираат наутро. Ако се проблем на желудникот, тогаш одат заедно со храната или 1-2 часа после јадењето. Важно е да не се зема во комбинација со цинк, витамин Е, манган или калциум. Ако се зема во комбинација со витамин Ц и фолна киселина, тогаш добро се апсорбира и навечер.

Напладне – Витамините мора да се земаат со храната. Тогаш се препорачува и цинкот, најдобро во комбинација со А, Ц и Б12. Не одат заедно цинк и железо, бакар и витамин Б9. За ручек треба да се консумира витамин А, најдобро со витамин Ц и Е, како и со цинк.

На вечер – Се консумира витамин Д во комбинација со калциумот кој ја зголемува апсорпцијата. Добра комбинација е од витамин Д и рибино масло.

Пред спиење – За добра дигестија, се земаат пробиотици,а пред спиење магнезиум. Може заедно со калциум и витамин Б6.

Loading