АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кој многу го свиткува ‘рбетот лесно може да постане – четириножец.

х

Ништо не му е доволно на ненаситниот.

х

Секој негов успех предизвикува голема завист кај неуспешните.

х

Не го разбудувај оној кој се преправа дека спие.

х

На некои и ѓаволот им завидува на нивните злодела.

х

Оние што заговараа договорна економија сега ни’ нудат  – договорна демократија.

х

Вашата одлука ќе биде добра само ако го прифатите мојот добар предлог.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading