МЕНИ ЗА КАРДИО ДИЕТА

1Со кардиоваскуларни вежби с топи салото. Вежбите се здрави, но се согоруваат малку калории. Негативна страна е тоа што колку повеќе се прават, толку повеќе расти чувството за глад. Организмот несвесно се штити и бара повеќе храна. Така се троши времето и се исцрпува организмот, се поти телото, а гладта е постојана и малку се слабее. На крај, се уништува мотивацијата.

Се согоруваат калории, но потоа се јаде двојно повеќе од согореното. Резултатот е зголемување на телесната тежина. Вежбањето без рестрикции на храната не дава големи ефекти во слабеењето. Нужно е јакнење на метаболизмот и градење на мускули.

Со соодветна исхрана и 20 минути вежби дневно, трипати седмично, се слабее значително и се добива чувство на сила и размладување. За да се постигни тоа, нужна е кардио диета со максимални резултати за минимално време.

Појадокот е ист во текот на сите 15 дена, портокал, јаболко, круша, праска, диња, лубеница а не смее банана и грозје, двопек, кафе или чај без шеќер.

1 ДЕН – Ручек – 1 портокал, 1 варено јајце,1 кисело млеко (0,5л). Вечера – 2 домати (200 мл сок од домати), 2 варени јајца, ½ салата или краставица и 2 парчиња двопек.

2 ДЕН – Ручек – 1 портокал,1 варено јајце, 1 кисело млеко (0,5л). Вечера – 125 гр. варено јунешко месо, 1 домат, 1 портокал, 1 парче двопек и чај или кафе без шеќер.

3 ДЕН – Ручек – 1 портокал, 1 варено јајце, 1 кисело млеко (0,5л) и 1 салата од краставица. Вечера – 125 гр. варено јунешко, 1 портокал, парче двопек и кафе или чај без шеќер.

4 ДЕН – Ручек – 125 гр. кравјо сирење, 1 домат или салца и едно парче двопек. Вечера – 125 гр.варено јунешко, 2 домати, 1 јаболко и парче двопек.

5 ДЕН – Ручек – 200 гр месо или риба, 1 домат или салца и парче двопек. Вечера – ½ кг. варен зеленчук (морков, грашок, компир),1 варено јајце и 1 домат.

Месото и варениот зеленчук се зачинуваат со мешан зеленчуков зачин.

Шестиот и седмиот ден се јаде нормално. За време диетата не се пие алкохол. После петтиот  ден се губат 2  до 4 килограми, а после два дена, се повторува трипати по 5 дена. За 15 дена се губат од 5 до 10 килограми без последици по здравјето и не се враќаат килограмите доколку се јаде умерено             За секој понеделник е следното мени. Појадок – 1 чаша сок од лимон без шеќер, ручек – 1 јаболко и двопек и за вечера –  јајце, домат и парче двопек. Најважен е редоследот.

Loading