АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Носете маски, вирусот не можете да го корумпирате!

x

Оние без корен, сакаат да ја менуваат историјата од корен.

x

Боите  на знамето не смее да се дозволи да избледеат!

x

Ако за секоја вест треба тест, тешко ќе се дојде до вистината.

x

Цел живот го помина од функција на функција, но без никакви резултати.

x

Не се потребни хероји  само одвреме  навреме!

x

Не ветувајте река, ако немате обезбедено извор.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading