НАГРАДАТА ЗА ГАБРИЕЛА СТОЈАНОСКА СТАНОЕСКА

Gabriela Stojanoska StanoeskaПисателката Габриела Стојаноска Станоеска ја доби наградата ,,Македонска книжевна авангарда,, за книгата ,,Приказни за краткоста,, во чиј поднасловот стои: раска(з)жи за своја душа.   

Наградата се доделува за концизна, збиена, постмодернистичка проза. Расказите се со пресврти и заплети, современи и актуелни. Односно јадровити, лапидарни, сликовити и мисловни. Книгата е создадена во манирот на урбаната кратка проза. Традиционалната награда ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација Македонија презент од Скопје за иновативна, експериментална и креативна, односно најдобра книга објавена во 2019 и 2020 година.

Стојаноска Станоеска магистрирала на катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје. Автор е на книгите: збирките раскази ,,Гола,, и ,,Приказни за краткоста – раска(з)(ж)и за своја душа,, и научната студија ,,Кусиот расказ и сонот,,. Пред печат е збирката драми ,,ДРАМИ – Трудници – Тајни,,.

Добитник е на прва награда на конкурсот за краток расказ на списанието Студентски збор, две први награди на конкурсите за кус-кус расказ на интернет порталот Окно, откупна награда на конкурсот за расказ на ,,Нова Македонија,, и други. Застапена е со расказ во повеќе антологии и други избори. Главен уредник е на списанието за литература, уметност и култура Стремеж.

Loading