ПИЈАЛОК КОЈ ПРЖИ ХОЛЕСТЕРОЛ

limonПрироден лек честопати препорачан и од здравствените работници за помош на пациентите со висок холестерол во крвта, па и за превенција на здрави луѓе е напитокот направен од 1 литар минерална вода, 2 китки магдонос, 3 лимони и сода бикарбона.

Нивото на холестерол не би требало да е поголем од 5.2 ммол/л, при што ХДЛ да е поголем од 1 ммол/л, а ЛДЛ да е помал од 3 ммол/л. Секое зголемено ниво на холестерол над овие вредности ја зголемува опасноста од срцеви заболувања. Здрав начин за намалување на холестеролот и елиминацијата на вишокот на маснотии се подготвува на следниот начин. Се мие лимонот и се трие со сода бикарбона. Исплакнат се сечка ситно заедно со кората. Магдоносот се мие и се цеди, па се сече на ситно. Во голема тегла се ставаат сите состојки заедно и се преливаат со водата. Се затвора и се чува во фрижидер цела ноќ. Наутро се протресува и се пие 100 мл млако загреана течност или на собна температура. Се конзумира секој ден додека не се потроши целиот напиток.

Холестеролот настанува со разградувањето на мастите. Учествува во создавањето на жолчната киселина, половите хормони и хормонот на надбубрежната жлезда. Тој е од есенцијално значење за нормално функционирање на организмот. Се разнесува во крвта, градејќи комплекс наречен липопротеин, со мала густина т.н. лош холестерол (ЛДЛ) со голема концентрација на холестерол и добар холестерол (ХДЛ), што носи мала концентрација на холестерол. ЛДЛ го носи холестеролот во крвните садови и создава наслаги кои предизвикуваат стеснување на крвните садови и со тоа доведуваат до срцеви, мозочни и други заболувања. ХДЛ ја создава еластичноста на крвните садови. Недостатокот ги прави крвните садови нееластични. Атеросклерозата е таложење на мастите во внатрешниот ѕид на големите и средни артерии. Таложењето првин е како ситни кристали на холестерол, кои постепено создаваат наслаги и стеснувања на волуменот на крвниот сад. Потоа следи стврднување на ѕидот, а со тоа расте подложноста на прскање на крвните садови. Овие промени доведуваат до згрутчување на крвта или тромбоза. Атеросклерозата е предизвикана најчесто  од зголемена концентрација на холестерол, поради пушење, физичка активност, начин на исхрана и друго, и поради полот, возраста, генетски фактори. Останати фактори се дијабетес, дебелината…

Loading