СО МАГДОНОС ДО КРИСТАЛНО ЧИСТИ БУБРЕЗИ!

magodonosЕден напиток речиси инстант ги чисти бубрезите од талог и песок. Тоа е  чајот од магдонос. Едновремено ги смирува нервите и анксиозноста. Се прави за 5 минути, поттикнувајќи ја дигестијата и исфрлајќи ги токсините од организмот. Помага во слабеењето до половина килограм дневно. Чајот од магдонос се користи за олеснување и одржување на редовен менструален циклус и за лек за враќање на матката во првобитната положба после породувањето.

Магдоносот како чај се употребува во лекувањето на сите проблеми поврзани со бубрезите. Ја спречува апсорпцијата на сол во ткивото и ги штити  и чисти бубрезите и црниот дроб. Треба да се пие во случај на инфекција на мочниот меур и при појава на камен и песок во бубрезите. Наоѓа примена и во превенцијата и третманот на рак на дебелото црево кај мажите и жените, како и кај грлото на матката кај жените.

Магдоносот е богат со фолна киселина која е од суштинско значење за кардиоваскуларното здравје. Многу е богат со витамините А, Ц, Е и минерали. Со редовно користење се намалува лошиот ЛДЛ холестерол. Се користи и за намалување на високиот крвен притисок. Со чајот се смируваат цревата, се подобрува варењето и се отстрануваат гасовите. Железото во магдоносот е влијае на ослабување на анемијата. Добар е и за отстранување на лошиот здив. Доволно е да се изџвакаат неколку листови и непријатниот здив ќе биде неутрализиран, особено по консумацијата на кромид и лук. Магдоносот успева секаде. Лесно се одгледува, дури и во саксија дома. Така секогаш може да се има свеж. Во било кое време од годината, па и во зима, може да се купи семе и да се засади во подлабока саксија. Растението ќе израсне за неколку седмици ако е на светло место.

Рецепт – 1 голема китка магдонос (или 2 помали), 1,5 литар вода, 1/2 лимон – сок – 1-2 лажички мед по вкус. Се мие магдоносот и се сечка, па се додава во зовриена вода. Треба да стои 5-10 минути поклопен, а потоа да се процеди. Откако ќе излади, се додаваат малку лимонов сок и лажица мед по желба.

Можете да се пие секогаш, а симптоми двапати дневно.         

Предизвикува зголемено мокрење. Затоа не се препорачува да се пие пред спиење.

Водата со магдонос и лимон е магично средство за слабеење. Се пие наутро на гладен стомак и резултира губиток речиси на половина килограм.

Loading