КРИВОГАШТАНЦИ – МАЈСТОРИ ЗА КОШАРКА

Историја

Некогаш најкошаркарско село во Македонија беше Кривогаштани. Блескаше клубот Младост. Во сезоната 1992/93 го освои првото место во Западниот регион и се пласира во А2, втората по ранг лига во државава. Успехот е голем ако се знае дека конкурентите во Регионот беа градски екипи, меѓу нив неколку скопски. Заслугата беше на водечките луѓе, Кире Клекачкоски и Јане Вртески, тренерот -капитен Симе Станчески со соиграчите: Горан Јанакиоски, Зоран Рикалоски, Игор Здравески, Горан Новакоски, Горан Каравилоски, Тони Мојаноски, Лазе Станчески, Борче Короски, Горан Цуцулоски, Сашо Станчески, Дејан Станчески, Јане Чавкоски и Кире Везенкоски.

Клубот Младост беше прогласен за најдобар во Општината Прилеп за 1992 година.

Loading