ВИРУСОТ Е ПРОБЛЕМ ЗА МАЖИТЕ, НЕ Е ЗА ДЕВОЈКИТЕ

Ракомет

Најмалку до 10 октомври нема да се играат мечеви во Супер лигата за мажи, поради заразени ракометари. Вирусот засега не е проблем во Женската лига. Екипата Деспина победи на гостувањето во Битола со Пелистер (17:26), а дома загуби од скопски Чаир (23:24). Со 3 победи и 1 пораз прилепчанките се на 4 место.

Поради ЕХФ-неделата, следниот меч, Овче Поле – Деспина, е на 9 октомври.

Loading