ЦРВЕНО ВИНО И ТРОШКА „ЉУБОВ“

Meraklii pred Tikves

Фотографијава е стара околу 40-тина години. На зборното место се збрале мераклии. Продавницата од Тиквеш, на чие место е пицеријата Меџик, нудела вино, ракија, тика на мало и големо од кавадарската визба Тиквеш. Во близина на Градскиот саат се леело рујно вино црвено за оние кои оделе на чашка и лаф муабет. Но, и чоканче ракија. Пиеле, се опивале, пееле, се веселеле… Имало од сé по малку. Се посетувала продавницата не само од навика, туку и од голтка  “љубов”.

На сликаното друштво не им студи зимно или есенско време. Се грее со голтка вино… 

Loading