АВТО-РЕЛИ 1978

Историја

На 2 јули 1978 година градов беше домаќин на авто-релито по повод Четврти јули, државниот празник. Учествуваа 60 возачи од Битола, Охрид, Струга, Ресен, Скопје и Прилеп. Возеа патека од 130 километри, од Прилеп до Струга со одредено време. У чесниците требаше да стигнат до двата контролни пункта –  Буково и Ресен, а на крајот, на полигонот во Струга се натпреваруваа во возачките вештини. Во категоријата до 750 кубици победи Љупчо Петрески (Прилеп), пред Диме Гиноски (Прилеп) и Стеван Кочоски (Струга). Во класата до 1200 кубици првак стана Ѓорѓи Илиевски (Скопје), пред Јордан Николовски (Битола) и Златко Москов (Прилеп). Во категоријата над 1200 кубици триумф на Мими Карче (Скопје), пред Ристо Радичев (Битола) и Златко Кочоски (Прилеп).

Организатор – Општинско здружение на возачите.

Loading