АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Необезбедените не може да се грижат  за нашата безбедност.

x

Во време на невреме човекот не смее да постане нечовек.

x

Неспособните се обидуваат со кревање прашина да ги засенат способните.

x

Во абнормален свет нормално е да бидеш абнормален

x

Не внимавајте на карпите, туку на камчињата од кои можете да се сопнете.

x

Не може секој жив да ти е крив!

x

Заклучете го напредувањето по клуч.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading