8.СЕПТЕМВРИ, ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Ilija-Jovanoski-gradonacalnik-1

Почитувани граѓани,

Сонот за самостојна и независна македонска држава, вековниот стремеж за кој животот го положија илјадници борци и патриоти, стана јаве на 8 септември 1991 година.

Преку јасно изразената референдумска волја на граѓаните за своја суверена држава, го исполнивме аманетот на нашите славни предци и се обврзавме пред идните поколенија да ја чуваме татковината, да ја градиме како демократско, развиено и европско место за квалитетен живот на сите граѓани.

Не заборавајќи на жртвите, премрежјата и предизвиците со кои се соочивме на патот до слободата, остварувајќи ја нашата стратешка цел за членство во НАТО алијансата, одлучно и непоколебливо продолжуваме на патот за полноправно членство и во Европската Унија.

opstina-prilep10

Сплотеноста и единственоста, нека бидат нашите водилки до остварувањето на нови заеднички успеси и нови, европски можности за генерациите кои доаѓаат.

Во мое лично име и во име на Општина Прилеп, на сите граѓани им го честитам 8.Септември, Денот на независноста. Нека е честит и вековит.

Градоначалник Илија Јованоски

Loading