СОЦИЈАЛНИТЕ НАДОМЕСТОЦИ ПО КАЛЕНДАРОТ НА ИСПЛАТА

toseskiИнтервју – Дејан Тошески, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи

Како корисниците на социјални надоместоци ќе ги добиваат средствата со пропагањето на Еуростандард банката, со оглед на тоа што сите корисници имаат сметка во оваа банка?

Меѓуопштинскиот центар за социјални работи не смее да издава нови социјални броеви на корисниците на кои досега исплатата им се вршела преку Еуростандард банката. Списокот на корисниците од Еуростандард банката е испратен до македонската банкарска асоцијација. Оваа асоцијација е должна да ги распредели до сите банки, освен во Охридска банка, оти Министерството нема склучен договор за соработка со оваа банка. Банките треба да направат поврзување на социјалниот број на корисниците на правата од социјална заштита. Со внесувањето на социјалниот број или матичниот број во банкарскиот систем, веднаш ќе се изврши поврзување. Ова е најпрактично решение кое министерството можеше да го донесе, бидејќи воспротивно обемот на работата ќе беше многу поголем и ќе постоеше можност дел од корисниците да останат неисплатени во тековниот месец. Обврската е распоредена кај комерцијалните банки. Побрза е постапката на поврзување на социјалниот број во банка, отколку со нови решенија. За жал, се создава непотребна паника меѓу корисниците. Но, има време до 25 август. Сметам дека доколку министерството почувствува потреба, можно е да се пролонгира рокот и да има и дополнителни исплати, но сепак тоа е работа на министерството.

CIMG3053

Што ќе се случи ако навреме не се поврзат социјалните броеви со сметките во банките?

Исплатата тече вообичаено првата недела од месецот. Ако останат голем број на корисници неповрзани, министертвото ќе излезе во пресрет.

Како функционира законската реформа во социјалната сфера, која имаше тенденција работно да ги ангажира социјалните случаи?

Со новиот закон се воведе службата на водители на случај која работи со проблемите на целото домаќинство. Така има подобар преглед кој права ги користи домаќинството и што му е потребно. Реформата е најдобар пат. Потребен е период за прилагодување и на вработените, и корисниците. Нашиот центар е целосно посветен на реформата. Направи реонизација на територијата на општина Прилеп, како и на териториите на општината Долнени и Кривогаштани. Водителите на случаите се поделени и излегуваат на терен. Навремено се даваат услугите и правата на корисниците и во време на корона кризата.

CIMG3055

Дали Центарот најдува работа на корисницитена социјални надоместоци?

За жал, тој дел од реформата доцни поради кризата. Ние сме голем центар со многу корисници. Тој дел уште е во фаза на планирање. Тоа е следна фаза за практикување во соработка со Агенцијата за вработување. И обуките беа заеднички. Треба да се најде решение за членовите на домаќинството кои се најлесно вработливи и да се извадат од сиромаштијата. Со претходниот систем се креираа генерации на корисници на парична помош. Смислата на новиот закон е да се направи брзо вработување на корисниците. Процесите не се прекинати. Продолжуваме со мало задоцнување.

CIMG3056

Кои категории растат, каква е социјалната слика?

Се очекуваше голем скок на корисниците на гарантирана минимална помош со олабавување на условите. Порано не можеше да се користи надомест со поседување на моторно возило и ако не биде еден член сктивен барател на работа. Сега тоа е можно, ако домаќинството има возило постаро од пет години и без разлика дали се активни или неактивни баратели на работа. Засега нема повеќе од 150 нови корисници. Расте бројот на корисниците на туѓа нега, што е знак за стареење на нацијата.

Дали социјално загрозеното население е покриено со надоместоци?

Нашиот центар располага со солиден број семејства, корисници на социјални надоместоци.  Ранливите категории ги уживаат правата на социјална државна грижа. Центарот е доволно присутен на теренот и сме отворени за корисниците. Прилеп има нормален број на корисници на социјална помош.

CIMG3057

Колкав е бројотна корисници?

Во Прилеп, Долнени и Кривогаштани, Центарот евидентира околу 12000 корисници и околу 1800 домаќинства на гарантирана социјална помош. Во зависност од членовите на домаќинствата и возраста, со две школски деца, надоместокот изнесува околу 8-9000 денари, заедно со детскиот и образовниот додаток. За двајца полнолетни е околу 6000 денари, плус енергетскиот додаток од 1000 денари, а за самци е 4000 денари, плус 1000 денари енергетски додаток. Кај корисниците, врз основа на работона неспособност за месец е 6000 денари, плус енергетски додаток. Надомест по правото на попреченост и туѓата нега се дели на околу 4000 корисници, а корисници на детски додаток се околу 2500. Над 3000 користат образовен додаток. Кај надоместот за трето дете се сменети критериумите. Остваруваат семејства со ниски приходи. Ново право е и за родители и згрижувач кој се грижи за деца со попреченост до 26 години, а не остварува право настаросна пензија се стекнува со правото на овој надомест,кој изнесува 8000 денари, зголемен во согласност со зголемувањето на трошоците за живот.

CIMG3059

Loading