ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (61)

ucilisteto vo marul

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Малинкоските деца Тодор и Илија се бранеле да ништо не виделе од стравот од пукотниците, ги оставиле говедата и си дошле право дома во Штавица. Децава биле викани повеќе пати. На сето тоа штавичани му советувале како одбрана, ти Илија ќе се браниш со вистината, а не судиите од власта да бидат кадија над тебе. Ти ќе му бидиш нив кадија. Од тоа советување Илија што се држел за вистината пред српските судии со неговото искажување го добил прекарот Илија Кадијата за цел негов живот во јавноста познат како Ило Марулецот или Илија Кадијата.

Српските власти за да не го понижат, омаловажат своето судство Малинкоски Тодор како воен злосторник одлежал повеќе години затвор. А додека Малинкоски Илија како малолетен во тоа време бил ослободен од обвинение. Многу убаво е кажано каде што фатила српската политичка пропаганда корен во македонските села, таму основале државни политички институции, џандармериски станици, пошти, училишта, продавници, општини, матични служби и ред други работи и тие села биле побогати во однос на другите македонски села.

Српските власти селото Штавица го рачунале како бугароманско село и затоа Малинкоски Тодор бил осуден затвор како воен злосторник, а како дволичност Илија Малинкоски бил ослободен од обвинение. Властите српски вршеле политички притисок над Малинковци и над село Штавица. Таткото на Илија Малинкоски, Стојко неможејќи да го издржи тој политички притисок што го правеле српските власти емигрирал во Бугарија.

Малинкоски Илија Кадијата во младите години оди за домазет во с. Дуње, Мариово. Таму по извесно време му умира жената без да остави потомство.

Во 1932 година во септември Илија Малинкоски Кадијата гајдаџија доваѓа за домазет на местото на неодамна починатиот негов врсник Стеваноски Најдо. Домазет за вдовицата Најдојца, негова врсничка. Илија кај Стевановци наоѓа три најдови малолетни деца: Веселка 1924, Цвета 1928 и Живко 1930г.

Илија и вдовицата Најдојца Дуна имаат четири деца: Кита во 1934, Алексо во 1936, Илина во 1938, Ванчо во 1940 година. Кита умира, мало бебе, Ванчо умира 1945 година, а додека Алексо и Илина се удомуваат и имаат свое потомство. Илија ги порасти и удоми и трите најдени сирачиња и тие имаат свое потомство.

Илија Кадијата гајдаџијата беше музикален, весел, расположен човек. По природа со највисок карактер, голем обожавател према децата. Домашните деца Василе и Живко в раце ги израсте. Во летно време кога ќе си идеше од пазар од Прилеп ќе дојдеше во штавички ливади за одмор, не забораваше сите присутни деца воловарчиња да ги почести со шеќерчиња, по едно за секое дете.

Илија беше маѓесничар, хипнотизер за стоката затоа што и најнемирните јунци, бикови и коњи пастуви успеваше да ги скроти, не само на сред селото наутро кога се собираат говедата за на пашна, тоа го правеше и на отворен простор в поле, сам ќе им свика на добитокот, ќе го погали, помазни по плешките и добитчето ќе се скроти. Исто така беше мајстор за горење золзап со усвитена маша во зимно време на јазиците на коњите и магарињата на кои јазиците му се здебелуваа и не можеа да се хранат. После горењето на золзапите, добитокот нормално се храни.

За летно време на правата горештина, жештина Илија ќе се доближеше каде што лежат неговите овци помешани со други од далеку ќе свикаше, а буша, а буша, од булукот со блеење една по една, ќе се одделат само неговите овци, ќе излезат надвор од трлото и Илија на секоја овца ќе и дади по едно залаче лепче и одма се враќаат на лежење во трлото.

Само некој ден по Св. Никола зимен штавичанецот нункото Мишески Блаже иди на посета кај Илија во Марул за да му го чести денот. Домаќините Најдовци стоплија ракија, нешто мезалок од денот, помешано со вино гозбата завршила. Нункото Блаже си оди за дома во Штавица, додека домаќините ги истеруваа овците за на пасење. Позагреан од ракијата и виното легна во присојот во бачилиште, се завитка со волнениот овчарски шајак и заспа.

Влагата од земјата навлезе во неговото тело, се прелади, настина, домашните ја спрегнаа запрежната воловска кола, го однесоа на болница во Прилеп. Полежа таму, му немаше спас и на крајниот ден на Божик, 9 јануари 1961 Илија почина во прилепската болница. Илија го заврши животот на 63 годишна возраст.

Одговорната улога на Илија во Марул:

Во 1952 година во Колективот Илија беше падар, полјак во с. Марул.

2. Од денот Божик во 1954 до денот Духовден 1957 година Илија беше клисар во црквата Рождество на Богородица во с. Марул.

Продолжува

Loading