НИШТО НЕ Е ИСТО КАКО ПРЕД ПОЈАВАТА НА КОВИД 19

Орце Тодоровски, директор на ЈОУДГ „Наша иднина“

– Градинките активно се подготвуваат за прием на децата од септември со почитување на протоколите за работа заради пандемијата од корона вирусот

Orce Todorosvski direktor

 

По паузата од март, се отвораат вратите со одржување на поголема хигиена, почесто проветрување и редовна дезинфкиција.

– Стартуваме според планот на кризниот менаџмент за ефикасно функционирање. Целосно ќе се примени протоколот за хигиена и дезинфекција во установата. Приоритет ќе имаат децата чии родители се и двајцата вработени и дека задолжително мора да ги извршуваат на работно место, без можност за работа од дома. Треба да донесат и уредна медицинска потврда за психофизичкото здравје на детето од матичен лекар.

-Како ќе се овозможи секое дете да биде згрижено? Формирање на групите по протокол?

-Приемот на децата ќе биде со почитување на хигиено-техничките услови за прием, престој и испраќање на децата по протокол. Се ограничува бројот на деца во една група: за децата до двегодишна возраст максималниот број во една група е 6 деца, а за децата од 3 до 10-годишна возраст максимум е дозволено да има по 15 деца. И на децата и на вработените при влез задолжително ќе им се мери температура. Вработените задолжително ќе носат маски. Внатре во градинките престојот ќе се организира да се избегне меѓусебен контакт на различни групи на деца во согласност со можностите. На секои два часа, пак, да се прави дезинфекција на прекинувачите, кваките на вратите, мијалниците, масите, столовите… Растојанието меѓу масите ќе биде 1,5-2 метри. Ќе има распоред за прием на децата.

Како ќе се споведува згрижувањето?

-Престојот на децата ќе се организира на таков начин што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца (сместени во одделни простории) во согласност со можностите, а игрите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено, во мали групи. Пасивен одмор да се организира спиењето така што децата да бидат поставени на креветите според принципот „нозе глава” со препорачано растојание. Надзор на децата при миење на рацете.

Обврскии за родителите?

-Да го почитуваат утврденото време за носење на детето во установата, како и просторната дистанца при предавање и земање на детето. Носењето и земањето на детето да го врши само еден родител, освен во исклучителни ситуации со најава да биде друго лице.

И за вработените има протокол?

-Не се дозволува собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории. Секој вработен мора да носи задолжително лична заштитна опрема (маска) кога е на работно место. Забрането е користење на мобилен телефон за време на работа. Ќе работиме според новите услови. Заврши комодитетот од претходните години. Ништо нема да биде како пред појавувањето на пандемијата со корона вирусот.

Советниците донесоа Одлука за ослободување од надомест на трошоци на родителите чии деца ги користат услугите?

-Ослободувањето важи за месеците април, мај и јуни, како и за останатиот период до почетокот со работа на градинките. Со Одлуката се опфатени родителите на околу 1.500 деца, кои во месеците кога децата не одат во градинка плаќаат 35 отсто од месечниот износ. Не се наплаќа за чување на место по 510 денари за време на вонредната состојба. Општината може да помогне со ангажирање на дополнителен персонал, волонтери или студенти на соодветните факултети кои би помогнале во оваа кризна состојба.

НЕМА НОВИ ДОГОВОРИ НА ДЕЛО

Во изборниот период бевте критикувани од опозицијата за нови вработувања во време на вонредната состојба.

– Како институција, а во согласност со одлуките на Владата да бидат задржани постојните работни места и граѓаните полесно да ги поднесат последиците од кризата која ја наметна вирусот Ковид-19, продолжени се веќе постоечките договори за дело. Продолжен е ангажманот на потребниот персонал. Нови договори на дело нема. Со Одлука на Советот од октомври 2019 г. имаме согласност, воспитните групи да бидат со повеќе деца во објектите Бончејца, Тризла, Гоце Делчев, Мирче Ацев и Рампо Левката. Затоа е воведување на трето лице, за да се намали листата на чекање за упис на околу 400 деца. За ангажираниот персонал преку договори на дело, обезбедени се средства преку Министерството за труд и социјална политика за 2020 година.

РЕНОВИРАНИ СИТЕ ОБЈЕКТИ

Што е направено за подобрување на условите за згрижување?

-За подобрување на условите за престој на децата во градинките извршени се инфраструктурни зафати. Реновирани се тоалетите, поставени се ПВЦ врати и прозорци, нова внатрешна дограма, набавена е опрема за вработените. Градинката Тризла доби нов покрив, а во Гоце Делчев е изградена нова котларница друго. Инвестирани се над 15 милиони денари.

Loading