СВАДБАТА НА БОМБОЛОВЦИ И АЏИЗДРАВЕВЦИ ВО РЕСТОРАН

Svadbena povorka niz carsija namesto kaj pediki

Мажачката на чорбаџиската ќерка на Бомболовци кај Аџиздравевци е првата свадба во Прилеп во ресторанот Југославија, на местото од денешниот продажен објект на Т – Мобиле. Чалами се кренале, оти било сефте сватовите да седнат во угостителски објект. Дотогаш семејните радости и прослави се правеле по домовите и дворовите. Чорбаџиите сакале да се натопорат и затоа стапувањето во брак на своите деца го направиле со стотици гости во најмодерниот објект. Понудиле гоштевање “од пиле млеко” за да се зборува долго во чаршијата и во градот. Како фил на свадбата била прошетката на зетот и невестата низ градската калдрма со чалгаџиска тајфа. Не го носеле рувото, оти тоа тежело десетина арабаџиски коли. Само се кадросувале да се муабети на порти и да се запамети со години како се мажи ќерка од Бомбола.

Бомболовци и Аџиздравевци биле многу богати луѓе. Затоа до денес останала поговорката за аздисаните дека трошат како да се од Бомболовци. Оваа фамилија е симбол за богатство и моќ.

Loading