КОГА ИМАЛО НАЈМНОГУ ГЛЕДАЧИ ВО ПРИЛЕП?

Историја

Потревнувањето на теренот е инспирација за враќање кон старите фудбалски времиња. Новинарот Миле Талески потсети на еден од повеќето натпревари со преполнети трибини – дербито од Републичката лига, Победа – Беласица (3-1), одиграно на 17 јуни 1979 година. Се продале рекордни 22.760 влезници. Во весникот ,,Спорт,, Талески има напишано дека дуелот го следеле 25.000 гледачи. Во ,,Нова Македонија,, Драги Башески проценил 20.000 присутни, а и во ,,Вечер,, Веселин Тофоски исто 20.000. На овој меч стрелци на головите З. Конески и Настески 2 за Победа, а Б. Митев за Беласица. Победа: Тодороски, Ѓорески (Атанасоски), Николоски, Глушески, Мечев, Л. Петрески, Црвески, Р. Ѓорѓиоски, З. Конески (Василески), Сусулески, Настески, тренер – Методија Крстески. Беласица: Истатов, Василев (М. Митев), И. Андреев, Дрвошанов, К. Секулов, Б. Митев, Н. Секулов, П. Андреев, Мавков, Георгиев (Стојков), Стојанов, а тренер Митко Џртев.

Во книгата ,,Фудбалот во Прилеп 1959-1992,,, авторот Веселин Тофоски тврди дека најпосетен меч е дербито од Републичката лига, Победа – Пелистер (3-1) од 15 март 1981 година. Според него, дуелот го следеле 25.000 гледачи, а продадени биле над 18.000 влезници. Новинарот Атанас Тасевски бројката од 25.000 присутни ја објавил во весникот ,,Вечер,,, а Драги Башески истата во ,,Нова Македонија,,. Стрелец на трите гола за Победа – Г. Манески, за Пелистер – Нечовски. Победа: Тодороски, Глушески (О. Котески), В. Димоски, Р. Ѓорѓиоски, И. Најдоски, Л. Петрески, Г. Манески, Магдески, Глигороски, Сусулески, З. Конески (Милосовски), тренер – Мома Илиќ. Пелистер: Димитровски, Богоевски, Мицковски (Љ. Љамчевски), Н. Љамчевски, Митревски, Канатларовски, Трајковски, Нечовски, Богоевски (Зекиќ), Димевски, Упалевски, тренер – Наум Бутевски.

На гости најмногу гледачи имало во 2005 година, Хамбургер – Победа (27.612).

Loading