САЛАТИ И ОВОШЈЕ ВО КОРОНА ПЕРИОДОТ

salataСо пандемијата се смени начинот на исхраната. Луѓето сé почесто конзумираат овошје и зеленчук, а помалку готови оброци со месо. Се реафирмираа старите рецепти на манџи, домашно зготвени, овошје и зеленчук, разни благи задоволства и малку месо. Дури намалена е драстично исхраната во рестораните и или брзата храна. Главно снабдувањето оди преку зелените пазари. Кујната стана често посетувана просторија дома. Полниот фрижидер донесе и вишок килограми. Слободното време, но и ,,лекот,, за изолацијата се најдува крај шпоретот во подготовка на домашни готвени јадења и благи задоволства.

Сé повеќе се готви домашна здрава храна, главно зеленчук, домати, зелка, праз, краставица… и овошје, праски, цреши или она што се најдува на пазарот како сезонско, плус големи количества на јужно овошје. Главно се конзумираат салати и варен зеленчук, грав, ориз, грашак, боранија, леќа, кромид, компири, па и печива. Помалку на трпезата има пржено или печено месо.

Пазарџиите велат дека муштериите купуваат здрава свежа храна и не прават резерви.

Сепак нужно е физичко ослободување на калориите преку движење и физичка активност во природа, да се сметни наталоженото или да се одржи линијата. Затоа се препорачува редукција на печивата, грицките и слично, заедно со слатките задоволатава и сокови со шеќер.

Loading