САПУН И МАСЛО ЗА ЗАШТИТА НА ЦВЕЌИЊАТА

Класичниот тврд сапун, користен и од древните цивилизации, не само што е најдобар за хигиена на рацете, туку има примена во домаќинството… Обичниот сапун би можел да биде одлична помош во неколку ситуации.

Сапун во чевлите ако почувствувате дека омилените обувки не мирисаат пријатно после долгото носење. Доволно е во нив да оставите по еден сапун преку ноќта. Следниот ден ќе мирисаат далеку подобро. Ова се повторува секоја втора до четврта седмица  за да се спасат чевлите од лоша миризба.

Ако ви заглавил патентот, доволно е со сапунот да поминете по предната страна неколкупати. Ова помага во одглавување.

Со сув сапун се трие сувото и чисто огледало во бањата. Потоа со сува и чиста крпа се трие да се отстранат евентуалните траги. Слојот од сапун спречува огледолото да се замагли при бањањето и туширањето, колку и да се создала водена пареа.

Ако сакате билките да ги заштитите од болести и вошки, измешајте ¼ чаша течен сапун со 1 чаша растително масло. Добро промешајте. Лажичка смесата семеша со 4 чаши вода. Овој раствор еднаш седмично се користи за прскање на билките.

Се ставаат миризливи сапуни во фиоките и меѓу алиштата во плакарите каде се чува облеката. Таа ќе биде свежа и миризлива. Сапунот ги впива непријатните мириси и е благ освежувач на воздухот.

Со влажно парче сапун се трие каснатото местот од комарец. За неколку минути се смирува јадежот и црвенилото се намалува.

Loading