АСОЛНИ ПАЗАРЏИИ

Selski kurnazi promeneti za v carsija

Прилеп од време бил место каде се збирале пазарџиите и чорбаџиите во среда и сабота на пазар. На фотографијава се тројца чорбаџиски синови, кои се стокмиле во најубавата облека и со задолжителната цигара виткана од качак, кинисале в чаршија. Изгледаат малку детски, но судејќи по облеката и тоа што носат чевли, наместо опинци, сигурно татковците ги пратиле да го печат пазарот и полека да се учат да ги одменуваат и им ја олеснуваат работата. Можеби им дале некоја ситна пара, колку да сетат како треба да се ценкаат, да ја одмерат стоката, а и да им остане по нешто за на меана.

Ако се врателе дома со добра стока, по арна цена, од татковците ќе добиеле едно “ашколсун”. Следниот пазар пак ќе ги прателе, ама со повеќе пари. Ако некој пазарџија, гледајќи ги вака млади, им направел некоја дубара со стоката, следниот пат ќе оделе на “поправен” со некој поербап од фамилијата, да собираат аслим ука. Доколку по “двата жолти картони”, не направиле саглам алашвериш, ги чекале овците и козите за пасење, а за на пазар можеле само да се присетуваат додека на  стадото му свиреле со кавалчето на некоја ливада. 

Loading