АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Вонредните мерки за заштита не смеат да бидат и вонредно злоупотребени.

x

Невидливиот вирус остава страшно видливи последици.

x

Некој што ништо не решил тврди дека има решение за сé.

x

Кој не чита, лесно ќе биде прочитан.

x

Вели дека сé ни е напишано, ама ништо од тоа не е прочитано.

x

Ако мислиш добро само за себе истовремено си сторил и зло врз себе.

x

Кој лови во матно, во матно и ќе се удави.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading