ЈОВАНОСКИ МУ ЧЕСТИТА НА ЗДРАВЕСКИ

Zdraveski kaj Gradonacalnikot

На покана на градоначалникот Илија Јованоски, Општината ја посети д-р Вангел Здравески, најмладиот член на медицинскиот тим, кој на Клиниката за кардиохирургија успешно ја изврши првата трансплантација на срце во земјава.

– Честитајќи му на огромниот медицински подвиг, изразив задоволство што еден толку млад човек, со 31 година, го даде својот придонес во трансплантација на срце. Она што како човек, како лекар и градоначалник ме прави уште повеќе горд, е фактот дека д-р Вангел Здравески е прилепчанец – вели Јованоски.

Loading