„QUARANTINE VIRUSES“ – PANDEMIC ART SHOW

Култура од карантин

Plakat COVID19 Art show 1

Во Прилеп е отворена првата виртуелна изложба на стрипови и карикатури на мултимедијалниот уметник Златко Крстевски. Претставени се 44 дела, сатирични видувања, работени во карантински и изолациски услови во, времето на полицискиот час.

Изложбата ја реализира Локалната самоуправа, која ги поддржува и охрабрува ликовните творци неуморно да создаваат и во време на пандемиски амбиент.

Со две дела, Крстевски учествуваше на изложбата ,,Уметност во дигитално време,, во Хрватска. Едното дело е посветено на македонскиот легендарен музичар посебно ценет во Хрватска ,,Hommagge a Toshe,, и Балканскиот Ангел. Тој беше дел од виртуелната изложба на уметници во Љубљана ,,Уметност од карантин,,. Авторот е присутен со дела на меѓународни изложби во Техеран, Аргентина, САД, Истанбул.

Крстевски е добитник на повеќе награди за стрип, современа карикатура, графика, сликарство.

Loading