АМАРИЛИСОТ ЦВЕТА 75 ПАТИ

amarilisАко барате нов начин за украсување на домот, еден пролетен цвет го нуди тоа задоволство. Се вика амарилис. Тоа е луковичеста билка од тропските предели. Се сади од почетокот на ноември до февруари, а цвета во мај и јуни. Овој цвет има долги листови и исправено цврсто стебло кои носи впечатливи, раскошни и крупни цветови како труба. Цветовите се атрактивни. Излегуваатразнобојни, во виолетова, портокалова, црвена, бела боја, како и во двобојни варијанти. Со вкрстување на сортите се најдуваат различни варијанти според големината и обликот. Така се познати мини и високи форми, двојни или едноставни цветови.

Амарилисот е најдобро да се сади во тегла или садови. Идеално место за чување е балконот. И одговара место под сенка или полусенка, барем во времето на цветање. Без проблем успева и на посилно сонце. Во фазата на мирување, се препорачува да се внесе во ладна и потемна просторија, додека да се појават првите цветови.

Билката има голема потреба за вода. Затоа се полева почесто. Во летните денови и на повисоки темератури амарилисот се полева и неколку пати дневно, по малку.

Луковицата може да трае и до 75 години. Некои видови имаат пречник на цветовите и до шест центиметри.

Loading