Одиле Маријовците на Пазар во Прилеп. Кога испаднале од селото надвор, на пато си нашле една желка. Итер Пејо бил позастанал. Таја желка лази низ нива, а онија, Маријовци, идат по неја и велат:
-Че одиме, да ја вардеме, кај че да оди?
И ја варделе. Таја желка лази, лази, низ нива, низ стрниште, и се пикна во една става снопје. По неја одеја Маријовците дур до ставата и си рекле: -Че ја чуваме туа, дур да не стаса Пејо. Тој че рече, шчо је воа?
Најсетне дошол Итер Пејо. Ји стасал и тија го прашале:
-Шчо је воа, шчо че да биде, шчо ќе не биде?
А тој му кажал:
-Воа је Света Недела и Чурена Марена. Таја шчо гаси и шчо пали! Крстете се, брајча на неја. Запалете по една свешта врз неја згоре, да не прости!
И онија се крстија и свешти запалија, и се запали ставата!
Тогај прсна желката да бега од ставата во стрништето. И му вика Итер Пејо на Маријовците:
-Крстете се брајчо, и молете се! О, ти, Света Недела, о, ти, Чурена Марена, ти гасиш, ти палиш! Молете се, брајча, и палете па по една свешта на неја озгоре, да не прости!
И оније, па се крстија и па свешти палија, а желката избега во друга става снопје. И таја се запали!
Желка прсна па да бега од ставата низ нивјето во селото. Пејо му вика на Маријовците:
-Палете па по една свешта уште врз неја, крстете се и молете се на Света Недела и Чурена Марена, да не прости!
И онија, па свешти палија и па се крстија и се молија. А желката ошла во стредсело. Се пикнала во една слама. Од таја слама се запалила сето село!
Тогај Итер Пејо му вика на Маријовците:
-Нема вејче да не прости Света Недела и Чурена Марена! 3емите си жените и децата и бегајте брго да испаднеме на некоје си место голо, да нема и нам’ да не изгоре! Бегаја сите од село.
Маријовците кажале:
-Бериќет, оти се погоди Итер Пејо на тој саат туа да не спасиш да не изгореме и није!