УРИВА РЕКОРДИ ВИДЕО ФИЛМОТ „ТИШИНА“

tisina

Уметничкото видео,,Тишина,, со кое се отсликува Прилеп во изолација заради коронавирусот на авторот Зоран Пилоски и неговата ,,Фан Продукција Зоран Пилоски,,, урива рекорди во гледаност. За една недела има околу 30 000 посети на јутуб. Видеото е автентичен приказ на улиците, плоштадите, парковите и знаменитостите за време на полицискиот час. Може да се видат Марковите кули, Саатот, прилепските плоштади, Могилата, училиштата… во друга светлина во две ипол минути. Авторот планира да го претстави на некој од видео фестивалите во светот.

– Го прикажувам изгледот на градот празен, со затворени дуќани, без автомобили, а само пајките и птиците се декор за целата тишина. Се надевам дека ,,Тишината,, ќе ја снема и градот ќе пулсира во стандардниот ритам – вели Пилоски.

Видеото се снимало два дена.

Loading