ПРИРОДНО СРЕДСТВО ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Чисти, уништува бактерии и одлично мириса во просторијата. Може лесно да се направи,а да е природно средство за чистење и дезинфекција на домот. Ем едноставно, ем миризливо, ем делотворно и без штетни хемикалии?

Да се приготви потребни се агруми – мандарини, портокали, лимети, лимони или сé заедно, поголема стаклена тегла и алкохол или  деветотстотна алкохолна киселина.

Потребни се стаклена тегла од 800 мл. или поголема, агруми, и алкохол или киселина.

Добро се затвора теглата и се оставете ја 2-3 седмици на темно место. Потоа, течноста се процедува низ газа или цедалка. Се складира во шише со распрскувач и готово е домашното природно, мирисно средство за чистење, бришење и дезинфекција на просториите.

Се користи за отстранување на било каква нечистотија на површините, мирисот на миленичињата на теписите и подот, трагите од рѓа и мувла на кујнските површини, трагите од бигор на плочките и стаклото од туш кабината од бањата, нечистотии и дамки од чашите и други стаклени предмети.

Средството е идеално за дезинфекција на плочки, умивалници и вц школки, а може да послужи и како освежувач во тоалетот.

Loading