АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Не се доволно само чисти раце, треба тоа да важи и за – нозете.

X

Ако имате можност не се обидувајте сé да вметнете во неа.

X

Кога сé ви оди од рака внимавајте некој да не ви подметне – нога.

X

Величината на човекот е во директна врска со длабочината на неговата душа.

X

Не се откажувајте од минатото.

X

Лошо е ако тоа се откаже од вас.

X

Не се споредувајте со други за да не ве споредуваат тие со трети.

X

Кој има трема на сцена шанси нема.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading