ОН-ЛАЈН ЕДУКАЦИЈА

Џудо

И Џудо клубот ,,Сеишин,, ги почитува препораките, уредбите и законските регулативи од страна на надлежните органи и здравствените власти. Според тоа, колективни тренинзи в сала нема. Но,има активности.

– Стручниот тим и Управата на клубот даде препораки до своите членови да ја одржуваат својата техничка и кондициска подготовка во домашни услови. Исто така, важно е да се одржува и телесната тежина, бидејќи џудото е спорт со возрасни и тежински категории – вели Дејан Мицкоски, тренер со втори дан.

На помош се и средствата за електронска комуникација. Преку нив се одвива бесплатна он-лајн едукација и анимација на своите членови. Тоа се состои од: едукативни теоретски предавања, видео-примери од техника, вежби и борби, анимација на членовите преку мотото ,,Снимај видео со џудо-техники во домашни услови, биди предизвикан и предизвикај друг член,,.  И најмладите членови на клубот покажуваат атактивност на планот на солидарноста и хуманоста.

– Дел од младите се ставија во функција на постарите-ветераните. Се работи за достава на заштитни маски, средства за дезинфекција и витамински напитоци, согласно препораките за исхрана на повозрасната популација. Младите им помогнаа и при набавка на потребните намирници, за тие да останат дома со цел да бидат заштитени – информира Мицкоски.

Досега пропуштени се две државни, две балкански првенства и четири меѓународни турнири. Како што стојат работите, натпреварувачката сезона најверојатно ќе продолжИ наесен.

Loading