ТРЕНИНЗИ И НАДВОР

Фудбал

Никој не знае кога ќе заврши кризата со коронавирусот. Така останува спортистите да се охрабрат и најдат начини да ги зголемат активностите. Во фудбалскиот второлигаш Победа веќе е познато дека фудбалерите имаат индивидуални, домашни тренинзи. Тие се на кондициски план со вежби, колку што дозволува просторот. Дознаваме дека имало на отворено некој тренинг. Пример – шутирање топки на голманите. Во меѓувреме, се барал начин да се обезбеделе пари за исплата на обврските кон сите во клубот. Од друга страна, како што одминува сé подолгата пауза, се пореална е опцијата да нема отпаѓање од Втората лига.

Досега неодиграни се пет првенствени меча.

Loading