МЕВЛЕМ ЗА ЖЕЛУДНИКОТ Е ЛИКЕР ОД ОРЕВ

Ликерот од ореви, познат како оревовка веќе се користи како природен лек за штитната жлезда и дигестивни проблеми. Рецептот е од манастирските записи и од хрониките на некогашните аристократски куќи. Ликерот со столетија се служел како универзален тоник за здрав стомак. И денес е ,,прва помош,, за желудочните проблеми и природен лек против анемија и јакнење на крвта.

Се приготвува од млади, уште зелени оревчиња. Со природно богатство на витамин Ц и јод се недозреаните плодови од орев со мека средина. Содржат повеќе од 50 % незаситени масни киселини, белковини, аминокиселини, минерали, јагленихидрати и во малку од витамините Е и Б6. Оревовката е само еден од напитоците кои можат да се направат од оваа лековита билка. За приготвување на разни чаеви и сирупи, се користат и листовите. Дури се приготвува највкусниот колач, од мелени ореви.

Ликерот се пие разладен на температура од 0 до 5 степени особено по оброк. Дава одличен вкус измешан со безалкохолни напитоци. Ублажува и дигестивни тегоби како дијареа, опстипација, ждригавица, подуен стомак, па сé до грчеви и желудочни инфекции.

Изворниот народен рецепт може да се надополни со ванила. Потребни се 40 млади зелени оревчиња, 800 г. интегрален шеќер, 4 каранфилчиња, 1 лимон исечкан на тркалца И 1 литар домашна ракија. Оревчињата се засечуваат со носете ракавици. Ако се поголемки, се сечат на половина. И лимонот сесеч на парчиња. Се додава шеќер (или мед), каранфилчињата и домашната ракија. Добро се меша за да се раствори шеќерот и се затвора востаклената тегла. Без отворање се остава 40 дена на сонце со секојдневно протресување. После тоа ликерот се цеди низ газа и се претура во шише. Се чува на темно и ладно место.

Се пие по една ракиена чашка на ден, наутро, на гладно. Може уште една чашка навечер.

Loading