ДВЕ ЈАЈЦА ДНЕВНО

jajce

Дали е точно или е измислено дека јадењето на јаца секојдневно го покачуваат холестеролот и дебелеат? Според спроведените студии, здраво е да се јадат јајцата секој ден. Уште подобро, ако се домашни, односно од познато потекло, од фармата и од храната на кокошките.

Јајцето содржи 0,7 микрограми витамин Б9. Доколку недостига во текот на бременоста, влијае врз нервниот систем на бебето. Докажано е дека јајцата го забавуваат стареењето и спречуваат појава на рак на кожата. Јајцето содржи природно жолта боја, богата со клетки за регенерација. Телото само не може да создаде такви клетки. Готвеното јајце содржи повеќе вакви клетки отколку суровото.

Едно јајце дневно го намалува ризикот од рак на дојка за 18 проценти кај тинејџерките. Јајцата ефикасно ги врзуваат женските хормони естроген, а тие се одговорни за спречување на рак. Јајцата се богати со витамин Б12 и протеини. Овие додатоци се витални за сјајна коса и одлична кожа. Неверојатно е како јајцето со своите протеини ја подобрува косата за кратко време. Јајцата помагаат за подобрување на видот. Содржат големо количество лутеин, витамин А. Тој е пресуден за јасен вид. Недостигот на витамин А, предизвикува влошување на видот.

Loading