ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА 1983

Историја

На 7 октомври 1983 година се одржа Меѓународната велосипедска трка ,,11 Октомври,, во организација на ВСМ и ВК ,,Илинден,,, под покровителство на фабриката ,Енергоинвест-11 Октомври. Учествуваа 60 велосипедисти од Загреб, Краљево, Крагујевац, Чачак, Скопје, Велес, Битола, Прилеп и еден тим од Чехословачка. Релацијата Прилеп – Крушево – Демир Хисар – Битола – Прилеп, долга 120 километри, прв ја мина Боровчанин од Краљево за 3:18,40 часа, пред Достојиќ од Чачак и Чубриќ од Краљево. Кај јуниорите редоследот беше, Митревски (Скопје), Митровиќ (Краљево), Ристевски (Скопје).

Во Ц-категоријата, на 60-километарска релација Прилеп – Крушево – Прилеп, победи прилепчанецот Зоран Андоноски. 

Loading