ПРИРОДНО СРЕДСТВО ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА

Сами може да направиме природно средство за дезинфекција и  чистење на сите простории. Плус е мирисно и без штетни хемикалии.

Потребни се стаклена тегла од 800 мл. и мандарини, портокали, лимони и алкохол или алкохолна киселина од 9 проценти. Сето тоа заедно добро се затвора во теглата и се остава 2-3 седмици на темно место. Потоа, течноста цеди низ газа или цедалка. Па се преточува во шише со распрскувач и е готово природното, мирисно средство за чистење, бришење и дезинфекција на просторијата.

Средството се користи за било каква нечистотија на хоризонтални површини, против мирисот од миленичиња на теписите и подот, траги од рѓа и мувла на кујнските површини, траги од бигор на плочките и стаклото од туш кабината од бањата и нечистотии и дамки од чашите и други стаклени предмети.

Идеално е за дезинфекција на плочки, умивалници и вц школки, а може да послужи и како освежувач во тоалетот.

Loading