НЕМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА НОВОСТИ

Фудбал

Сé е исто веќе 30 дена. Продолжува кризата со коронавирусот, продолжуваат индивидуалните, домашни тренинзи на фудбалерите на второлигашот Победа. И Управата, секако, не е во мирување. Има тешка задача да обезбеди финансии за опстојување на клубот. Ни малку не е лесно, поради тоа што клубот со години беше на неколку компании. Потоа настана празен период во очекување да го преземе Општината. Околу задржувањето на статусот второлигаш, зрнце надеж во ваквата ситуација е клупскиот предлог прифатен од останатите клубови, а во врска со фер-разврска во првенствата во околности на вонредна состојба. Суштината е да нема отпаѓање. Се очекува став од ФФМ.

Да немаше криза, ќе беа одиграни мечевите со Тиквеш, Пехчево, Саса и Беласица.

Loading